Лингард спремен да го напушти Јунајтед
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е подготвен во јануари да замине од клубот и да се пресели во екипа каде ќе биде стандарден играч со голема минутажа. Целта на Лингард е да се избори за место во репрезентацијата на Англија за учество на Светското првенство во Катар.
Договорот на Лингард истекува на крајот од сезоната и како што објавуваат англиските медиуми, тој ја одбил понудата за продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед незадоволен од добиената минутажа во екипата.
За негово доведување интерес пројавија Барселона и Милан и се надеваат дека ќе го доведат Џеси Лингард како слободен играч веќе ова лето.