Линделоф доби автоматско продолжување на договорот со Јунајтед

Раководството на Манчестер Јунајтед се договорило со централниот дефанзивец Виктор Линделоф за нов договор до летото 2025 година.

Изданието наведува дека Линделоф важи за клучен играч на „Олд Трафорд“, а раководството на клубот сака да му го продолжи договорот.

Договорот меѓу двете страни беше постигнат во последните денови од 2023 година. Шведскиот репрезентативец е најкористениот дефанзивец на менаџерот Ерик тен Хаг оваа сезона со вкупно 18 настапи.