Линекер: Маунт е најдобриот играч на Челзи сезонава
Гери Линекер, го потенцираше најдобриот играч во редовите на Челзи во тековнава сезона.
Поранешниот напаѓач на англиската репрезентација верува дека тоа е младиот играч за врска Мејсон Маунт. 22-годишниот талент му донесе победа на Челзи против Фулам од 1:0 во саботата со гол во 78- та минута. Тинејџерот на „сините“ од западен Лондон има 3 гола и 6 асистенции на 25 натпревари во сите конкуренции.
„Значаен гол за Челзи и Френк Лампрад, постигнат од Мејсон Маунт. Со сите потрошени пари за трансфери, тој е нивниот најдобар играч. Одлична техничка, фантастична енергија и перформанси“, напиша Линекер на Твитер.
