Лионел Меси води тајни преговори со Интер од Мајами
Англискиот портал Атлетик, пренесува дека фудбалерот на Париз Сен Жермен Лионел Меси тајно преговара за трансфер во Интер од Мајами.
Аргентинскиот фудбалер има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, па во летниот период тој може да замине во друг клуб без обештетување. Самиот Меси неодамна изјави дека се уште нема донесено одлука во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, но според информациите од Атлетик, поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кој е еден од сопствениците на Интер од Мајами е уверен дека може да го убеди Аргентинецот својата кариера да ја продолжи во МЛС лигата и во клубот од Мајами.
Одлуката на Меси околу својата иднина може да се очекува после завршетокот на Мундијалот во Катар.