Лион и Реал се договорија за Ендрик

Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, ќе му се придружи на Олимпик Лион на позајмица во јануари. Двата клуба постигнаа договор за позајмица, пишува Фабрицио Романо.

Трансферскиот договор на Бразилецот не вклучува клаузула за откуп, а францускиот клуб ќе му плати половина од платата.

Ендрик има проблем со минутажата на „Бернабеу“ од почетокот на сезоната. Тој има само три настапи под водство на Чаби Алонсо.

Договорот на Бразилецот со Реал Мадрид важи до летото 2030 година.