Лион му врачи отказ на Бразилецот Марсело заради бизарна причина

Марсело кон крајот на јануари го напушти Лион, а денес повторно е во центарот на вниманието затоа што француските медиуми ја пренесуваат причината за раскинувањето на договорот и таа е навистина бизарна.

Неверојатно, но Марсело бил отпуштен од клубот затоа што испуштал гасови пред соиграчите во соблекувалната. Овој стопер само половина година претходно беше префрлен во вториот тим откако во август предизвика инцидент во соблекувалната и така најави дека му се ближи крајот во Лион каде што стигна уште летото 2017 година.

Лион во неделата беше поразен во Мец со што ги изгуби шансите да стигне до Европа наредната сезона. Марсело само два дена после отказот во Лион премина во Бордо за кој се уште не одиграл ниту еден натпревар, иако овој тим се бори за опстанок.