Лион ја одби понудата на Њукасл за Пакета
Њукасл не успеа да го убеди француски Лион да му го продаде 24-годишниот бразилски офанзивен играч за врска, Лукас Пакета. Според извори од клубот, Њукасл понудил 40 милиони евра за играчот, а самиот играч добил договор со плата од 10 милиони евра годишно, за разлика од неговата сегашната плата од 5 милиони евра. Сепак, оваа понуда не го заинтересирала Бразилецот.
Во исто време, Лион не ја крие желбата да добие повисока понуда и затоа ќе почека до летниот трансфер период која Пакета веројатно повторно ќе биде на мета на големите европски тимови.