Литванецот Мотејунас потпиша за ПАОК

Литванскиот кошаркар Донатас Мотиејунас, има нов клуб.
Центарот кој последно настапуваше за Црвена збезда потпиша договор со ПАОК до крајот на сезоната.
Искусниот центар зад себе има богата кариера. Во Евролигата настапуваше и за Монако, Проком и Жалгирис, додека шест сезони мина во НБА-лигата, каде што играше за Хјустон, Њу Орлеанс и Сан Антонио.
Мотиејунас е и поранешен литвански репрезентативец, а со националниот тим освои сребрен медал на Европското првенство во 2013 година.