Лони Вокер го замени Жалгирис со Филаделфија

Жалгирис остана без својот најдобар стрелец во нјчуствителниот дел од сезоната. Американецот Лони Вокер се сели во Филаделфија.
Новинарот Шамс Чаранија на мрежата „X“, објави дека Вокер ја продолжува сезоната во НБА, откако неговиот агент Џорџ Лангберг се согласил на двегодишен договор вреден три милиони долари по сезона.
Се додава и дека Жалгирис остана со празни раце, бидејќи стрелецот од 13,6 поени, со 3,2 скока и 1,8 асистенции, во договорот имаше излезна клаузула доколку дојбие понуда од НБА тим.
Работите да бидат уште полоши за евролигашот од Каунас, 26-годишниот Американец замина во Филалдефија на само шест дена пред крајот на преодниот рок во Евролигата, па прашање е дали тренерот Андреа Тринчиери во овој момент има решение или ќе ја продолжи борбата за плеј-ин позициите со актуелниот состав.
Некои напредни статистики покажаа дека Жалгирис го има најтешкиот распоред во последните осум кола, во кои само двапати ќе биде домаќин.