Лопетеги е нов тренер на Вулверхемптон

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон објави дека за нов тренер на екипата го назначи Јулен Лопетеги.

Шпанскиот стручњак на клупата на Волвс ќе седне на 14.ноември, но поради репрезентативната пауза за СП во Катар, негов прв натпревар ќе биде гостувањето со Евертон на 26.декември.

Лопетеги доби отказ од Севиља во октомври после поразот од Борусија Дортмунд во ЛШ. Негов најголем успех со Севиља каде остана тренер три сезони, беше трофејот во Лига Европа 2020.година.