Лопетеги фаворит за менаџерското место во Вулверхемптон
Актуелниот тренер на Севиља, Јулен Лопетеги може да заземе испразнетото место во англискиот Вулверхемптон. Ова го пренесува Телеграф, откако веќе беше објавено дека екипата го отпушти Бруно Лаж од оваа позиција.
Лопетеги ја презеде Севиља во летото 2019 година. Оваа сезона тимот под негово водство имаше неуспешен старт на сезоната во шпанскиот шампионат, освојувајќи само пет бода во седум кола.
Севиља моментално се наоѓа на 17. место со еден бод зад зоната за испаѓање. Во Лигата на шампионите, Шпанците се на последното место во групата со Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и ФК Копенхаген.