Лорис сака да ја заврши кариерата во Тотенхем
Хуго Лорис е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Тотенхем. Актуелниот договор на 34-годишниот Французин е до летото 2022 година, а со тоа се очекуваше тој да ги напушти Тотенхем следното лето.
Сепак, „Football Insider“ тврди дека ветеранот се предомислил и е подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера. Лорис се чувствува среќен во Лондон и нема желба да ја промени ситуацијата. Тоа лошо би се одразило на неговото семејство, а особено на неговите деца, кои ќе мора да го сменат училиштето и целосно да ги сменат своите навики.
Покрај тоа, ветеранот е импресиониран од новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте и е нестрплив да продолжи да работи со него во иднина. Тој е убеден дека Италијанецот има квалитети да го води Тотенхем до многу трофеи во наредните години. Лорис е во Тотенхем од 2012 година, кога се пресели од Олимпик Лион. Тој ја игра својата десетта сезона за клубот, со 388 настапи во сите натпреварувања досега, но се уште нема освоено трофеј со Тотенхем, играјќи две финалиња во Лига купот и едно финале во Лигата на шампионите. Тој е и стартен голман на француската репрезентација со 136 натпревари на своето конто.