Лос Анџелес го потврди трансферот на Жиру
Американскиот фудбалски клуб Лос Анџелес денеска го потврди доаѓањето на францускиот играч Оливие Жиру, по истекот на неговиот договор со Милан. Жиру се обврза на верност со американскиот клуб до 2025 година, со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Французинот вчера најави заминување од Милан на крајот на сезоната и изјави дека кариерата ќе ја продолжи во американското првенство, но не прецизираше во кој тим ќе се приклучи.
Генералниот директор на Лос Анџелес, Џон Торингтон, изјави дека доаѓањето на Жиру е голема работа за клубот.
„Понекогаш се шегувам дека има играчи со кои би потпишал дури и ако никогаш не играле поради тоа што го носат во соблекувалната, примерот што го дале, професионалноста, желбата за победа, дури и ако веќе имаат освоено многу трофеи“. Рече Торингтон