Лотито сака преголеми пари за ветеран, Интер со потешкотии да го откупи Ачерби

Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но претседателот на Лацио ги налути „нероаѕурите“.
Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара 4 милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник. Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.
Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.
Лотито е познат како тежок преговарач, но двата клуба имаат доволно време до крајот на сезоната да најдат заеднички јазик.