Лоша вест за Дортмунд – Ерлинг Халанд повторно во аут
Тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Росе објави дека поради повреда на бутниот мускул, најдобриот напаѓач на екипата, Ерлинг Халанд ќе паузира најмалку две недели.
Норвежанецот кој изминатата недела се врати од уште една повреда на мускулот и играше против Мајнц во Бундес лигата при што постигна два гола, но по настапот во Лигата на шампионите и дебаклот од Ајакс со пораз од 4:0, Халанд повторно почуствувал мускулна болка поради која ќе мора да паузира.