Лоши вести за Клоп и Ливерпул
На денешната прес конференција, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп објави дека напаѓачот Роберто Фирмино заработил сериозна повреда во пределот на коленото и ќе паузира повеќе од четири недели.
Бразилецот беше принудно заменет на натпреварот со Атлетико Мадрид во рамките од Лигата на шампиони, кој Ливерпул го доби со 2:0.
„Вестите за Боби не се добри. Тој има сериозна повреда на подколеницата. Не знам со сигурност колку ќе биде надвор од игра, но претпоставуваме дека ќе биде надвор од терените повеќе од 4 недели.Боби е играч кој обично брзо закрепнува“, изјави Клоп.