Лоши вести за Покетино, ПСЖ значително ослабен пред натпреварот со Сити

Настапот на Килијан Мбапе е под голем знак прашалник пред вечерашниот дуел со Манчестер Сити.
Иако претходните денови се шпекулираше дека ќе биде подготвен, Французинот синоќа тренираше индивидуално, не беше во состојба да тренира со остатокот од екипата и многу веројатно е дека нема да биде помеѓу стартерите вечерва на „Етихад“.
Наводно, Маурисио Покетино веќе го подготвува тимот со Мауро Икарди на позиција напаѓач, додека зад него ќе играат Нејмар, Ди Марија и Дракслер.
Според последните информации, тимот на ПСЖ би требало да изгледа вака:
Навас – Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Диало – Паредес, Верати – Ди Марија, Нејмар, Дракслер – Икарди.
Натпреварот е со почеток во 21. часот, а понудата за истиот можете да ја најдете на www.evrotip.mk.