Луди 10 милијарди евра за ТВ правата од Премиер лигата
Вкупните приходи од ТВ правата на Премиер лигата во целиот свет веќе надминаа 10 милијарди фунти, што се случува за прв пат во историјата.
Ова стана факт откако Премиер лигата ги продаде ТВ правата за Индија и Азија. Во ноември лигата склучи рекорден договор од 2 милијарди фунти за правата во САД.
Сега вкупната сума за пренесувањето на најелитното англиско првенство во странство достигна 5,4 милијарди фунти. На нив се додава сумата од 5,1 милијарда фунти за пренесување на „Скај Спорт“ и „Би-Би-Си“.
Така целата сума за ТВ правата на Премиер лигата во целиот свет достигна 10.4 милијарди фунти.
Ова значително ќе ги зголеми приходите на англиските клубови, така што дури 106 милиони финти ќе добива клубот кој ќе заврши на последно место на табелата.