Луис Алберто го напушта Лацио, Милан голем фаворит за неговиот потпис
Милан ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од Лацио, Луис Алберто.
Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и од соработката со новиот шеф на стручниот штаб, Маурицио Сари.
Наводно Луис Алберто влегол во вербална расправија со Сари и му соопштил на раководството дека сака уште во јануари да ја промени средината. Милан уште во летниот преоден рок беше заинтересиран за Шпанецот, но тогаш Лацио за неговиот потпис бараше 50 милиони евра.