Луис Диаз се враќа на терените дури по Светското првенство
Напаѓачот на англискиот прволигаш Ливерпул, Луис Диаз, ќе мора подолго време да отсуствува од фудбалскиот терен поради повреда на коленото, објавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, колумбискиот репрезентативец ќе паузира до крајот на Светското првенство во Катар, кое е на програмата од 20 ноември до 18 декември. Диаз се повреди во првото полувреме на првенствениот натпревар изминатиот викенд против Арсенал (2-3) кога стадионот „Емирати“ мораше да го напушти на патерици со бандажирана нога.
Деталните лекарски прегледи констатираа дека 25-годишниот фудбалер нема да мора да го оперира коленото, но рехаблизитрацијата ќе трае долго и ќе ги пропушти следните десет натпревари на Ливерпул.