Луис Енрике: Би сакал Артета и Арсенал да ја освојат Премиер лигата
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике даде прогноза за борбата за титулата во Англија. Шпанецот го прогласи својот фаворит за трофејот меѓу екипите на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.
Трите екипи водат жестока битка за првото место, а актуелен лидер е тимот на Арсенал, кој има ист број на бодови со вториот Ливерпул. Манчестер Сити, пак, го зазема третото место, но заостанува само еден бод зад директните конкуренти. До крајот на борбата во Англија остануваат уште десет кола.
„Би сакал тоа да бидат Микел Артета и Арсенал. Ако не е тој, тогаш мојата желба е тоа да биде Пеп Гвардиола. Потоа Ливерпул или Астон Вила на Унаи Емери. На крајот сепак мислам дека Манчестер Сити ќе ја освои титулата“, изјави шпанскиот стратег на клупата на ПСЖ.