Луис Енрике го презема ПСЖ следната недела
Пари Сен Жермен има нов фаворит за тренер следната сезона со оглед на претстојното заминување на Кристоф Галтие, тврди „Телефут“.
Како што е познато, до неодамна се мислеше дека Јулијан Нагелсман ќе го преземе францускиот шампион, но двете страни на крајот не постигнаа договор. Така, раководството на ПСЖ има нова приоритетна цел за тренерот на тимот, а тоа е Луис Енрике, кој останува слободен откако ја напушти функцијата селектор на Шпанија по завршувањето на СП 2022.
Преговорите меѓу клубот и тренерот се очекува да се одржат во следната недела. Енрике во последните месеци беше поврзуван со Челзи, Тотенхем и Наполи, но не успеа да ги договори условите со ниту еден од нив. Досега на клупско ниво ги водеше Рома, Селта и Барселона (вториот и првиот тим).