Луис Енрике: Заљубен сум во играта на Дембеле
Пари Сен Жермен го победи Стразбур со 3-0 и со тоа останува при самиот врв на Лига 1, поточно внимателно ги следи Монако и Ница кои најмногу покажаа во досегашните девет кола.
Мбапе, Солер и Руиз беа стрелци на погодоците на „светците“, но ова во исто време беше уште еден меч во кој конкретен придонес немаше летното засилување Усман Дембеле.
Дембеле се уште нема дадено гол за ПСЖ, поточно досега има само две асистенции, меѓутоа тој и понатаму ужива голема доверба кај тренерот Луис Енрике кој порача дека е заљубен во неговата игра.
„Мислам дека треба да ги искористиме предностите на Усман. Тој е уникатен играч, според мене. Немам проблем да не постигне гол или да биде одлучувачки при додавање. Тој генерира нумеричка супериорност, држи тројца противнички играчи и создава простор за своите соиграчи.
Тој не се плаши да биде соборен, да падне. Тој притиска и брани. Мора да го искористиме. Ќе се подобри, тоа е сигурно. Да, ќе има и денови кога работите ќе одат помалку добро. Тоа е од витално значење, клучно за нас. Не сум загрижен за него. Вљубен сум во играта на Усман и не гледам ништо лошо во него“, порача Шпанецот.