Луис Енрике кандидат за селектор на Бразил

Бразилските медиуми пренесуваат дека шпанскиот тренер Луис Енрике, е еден од кандидатите за нов селектор на репрезентацијата на Бразил.

Бразил во моментот е без селектор, поради тоа што Тите заработи отказ на позицијата после елиминацијата на репрезентацијата во четвртфиналето од Светското првенство во Катар.

52-годишниот Енрике, би можел да го преземе водењето на Бразил, бидејќи тој неодамна ја прекина соработката со шпанскиот фудбалски сојуз после Мундијалот во Катар.

Луис Енрике пред да стане селектор на Шпанија, ги водеше екипите на Барселона, Селта и Рома.