Луис Енрике: Лигата на шампионите е нашето натпреварување

Актуелниот бранител на тронот во Лигата на Шампионите, ПСЖ, имаше импресивен старт на новата сезона.
Французите вчера на домашен терен го совладаа составот на Слован Братислава со убедливи 6-1 . Тоа предизвика задоволство кај тренерот, Луис Енрике.
„Направивме одлична работа, одигравме многу добар натпревар. Атмосферата на „Паркот на принцовите“ во Лигата на шампионите секогаш е неверојатна, но денеска беше посебна“, вели Енрике.