Луис Енрике може да здивне: Хакими и Дембеле ќе играат во финалето во Будимпешта

Усман Дембеле и Ашраф Хакими го одработија целиот тренинг со екипата на ПСЖ.
Францускиот шампион интензивно се подготвува за големото финале на Лигата на шампионите против Арсенал, кое ќе се игра за четири дена во Будимпешта.
Усман Дембеле, актуелен освојувач на Златна топка, го повреди десниот лист за време на првенствениот дуел против градскиот ривал Париз.
Сепак, француските медиуми и претходно тврдеа дека неговиот настап во натпреварот во кој „светците“ ќе ја бранат европската титула нема да биде доведен во прашање.
Од друга страна, мароканскиот дефанзивец Ашраф Хакими заработи повреда на мускулот на десната нога во реваншот од полуфиналето против Баерн Минхен.
Настапот на 27-годишниот фудбалер беше под голем знак прашалник сè до денес, кога успешно ги издржал сите напори на тренингот.