Луис Енрике најсериозен кандидат за наследник на Чави во Барса
Актуелниот селектор на шпанската репрезентација Луис Енрике , кој ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во Катар, може да се врати во Барселона.
Енрике се гледа како замена за Чави во случај овој да не ја заврши својата работа како што се очекува од него, објави „Ел Национал“.
52-годишниот Луис Енрике беше тренер на Барселона од 2014 до 2017 година. Под негово водство Барселона освои 10 трофеи, вклучувајќи ја и последната во Лига на шампиони во нејзината историја во 2015 година.
Од јули 2018 година, Енрике (на прекини) е селектор на шпанската репрезентација и веќе најави дека ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во Катар.