Луис Енрике на преговори со Челзи

Италијанскиот фудбалски новинар Фабрицио Романо објави дека Луис Енрике е во Лондон и преговара со раководството на Челзи за позицијата нов тренер на екипата.

Тимот од „Стенфорд Бриџ“ во моментот е без тренер откако пред неколку дена Греам Потер доби отказ. Медиумите од Англија неодамна објавија дека Енрике наводно изјавил дека посакува да се испроба како тренер во Премиер лигата, и дека сака да замине во клуб кој има големи амбиции.

52-годишниот Шпанец во моментот е без ангажман откако минатата година го напушти кормилото на репрезентацијата на Шпанија после неуспехот на СП во Катар. Во минатото Енрике беше тренер на Барселона, Селта и Рома.