Луис Енрике покажа целосен респект кон фаворитот Ливерпул

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Луис Енрике, проговори за претсојната пресметка со Ливерпул во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Мислам дека ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови на Ливерпул во последниве сезони. Ќе биде натпревар на многу високо ниво и еден од најинтересните.

Двете екипи се на многу високо ниво и двомечот ќе биде исклучително интересен и возбудлив. Ова натпреварување ни носи интересни спектакли“, беа дел од зборовите на Енрике.