Луис Енрике: Се гледаме во Премиер лигата, но не во било кој клуб
Луис Енрике е еден од тренерите кои во овој момент се без ангажман и неговото име во јавноста често се поврзува со клубови и репрезентации.
Енрике во својата кариера најголемите успеси ги имаше како тренер на Барселона, а работеше и уште во Рома и Селта, но и како селектор на Шпанија.
Сега како негова следна дестинација се споменува Премиер лигата, па новинарите го запрашаа дали би можеле за брзо време да го видиме во најсилната англиска конкуренција.
„Би сакал да работам во Англија, но не се гледам таму следниот јуни. Сакам да бидам во клуб кој може да направи големи работи и таков е тешко да се најде. Не би одел во било кој клуб од Премиер лигата“, изјави Енрике.