Луис Скели доби нов договор со Арсенал

Мајлс Луис-Скели ја продолжи соработката со Арсенал и потпиша нов петгодишен договор.

18-годишникот си обезбеди место во првиот тим во текот на изминатата сезона. Дебитираше во септември, во дуелот против Манчестер Сити, а оттогаш одигра 39 натпревари.

Својот прв гол го постигна во победата од 5:1 против истиот ривал, а го доби и својот прв повик во сениорската репрезентација.

Својот прв настап за Англија го круниса со гол против Албанија.