Луис Суарез: На Меси му пречи студот во Париз

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез даде интересна изјава во која вели дека Лионел Меси се соочува со проблеми во ПСЖ поради студот во Париз.

Суарез откри дека тој и Лео Меси се во секојдневен контакт откако го напуштија Камп Ноу. 

„Разговараме секој ден. Се трудиме да не обрнуваме внимание на очекувањата и критиките, бидејќи сме фудбалери и знаеме како да постапуваме во такви моменти. Зборуваме за натпреварите но и за семејни работи. Тој ми кажа дека му било тешко да игра на студ и снег. Треба време да се навикнеш на студот таму“, изјави Суарез.