Луис Суарез предвремено ја завршува кариерата заради повреда
Луис Суарез би можел да замине во фудбалска пензија, пренесуваат бразилските медиуми, наводно Уругваецот веќе го известил раководството на Гремио.
Суарез има договор на уште една сезона, но причината поради која предвреме се одлучува за крај е повредата на десното колено која му прави проблеми во играта. Суарез во Гремио дојде пред шест месеци и потпиша до крајот на 2024 година. Во клубот работат на негов раскин на договорот, но со клазула за казна ако се реактивира во некој друг клуб.
Претходно се шпекулираше дека може да се пресели во Интер Мајами за повторно да заигра со Меси, како некогаш во Барселона.
За Гремио Суарез одигра 25 натпревари, постигна 11 и асистираше за осум голови. Во кариерата настапуваше уште за Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
Од трофеите во Европа петпати беше шампион на Шпанија, а еднаш ја освои Лигата на шампионите.