Луис Фелипе од Лацио се сели во Русија
Руски Зенит покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Лацио, Луис Фелипе, чиј актуелен договор е до летото 2022 година.
Според „Кориере дело Спорт“, преговорите меѓу Фелипе и Лацио за нов договор се тешки. Доколку страните никогаш не се договорат, Римјаните би можеле да го продадат 24-годишниот фудбалер на крајот од зимскиот преоден рок.
Ситуацијата конечно ќе се расчисти до 10 јануари.
Сериозен интерес за Бразилецот покажуваат Зенит и Валенсија. Двата клуба се подготвени да му плаќаат по 2,5 милиони евра годишно како плата.