Луис Хамилтон неизвесен за трката во Канада
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон успеа да го освои четвртото место на трката за Големата награда на Азербејџан. Но и покрај успешната трка Хамилтон е неизвесен за учество на трката која наредната недела ќе се вози во Канада.
Имено, Хамилтон за време на целата трка во Азербејџан чувствувал силни болки во грбот кои што изгледа ќе го спречат неговиот настап во Канада. Тоа го потврдува и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф кој изјави дека повредата на Хамилтон изгледа е од посериозна природа.