Лукаку има воспаление на коленото, го чека нова пауза

Ромелу Лукаку ова лето се врати во Интер како големо засилување, само една година откако беше продаден за 115 милиони евра.

Меѓутоа, Белгиецот нема среќа оваа сезона со повредите, па го пропушти готово целиот дел од сезоната пред мундијалската пауза. После Мундијалот одигра два меча и се очекуваше конечно да се врати во старата форма, но повторно се пожали на повреда.

Лекарскиот тим на Интер утврдил дека Лукаку има воспаление на коленото, па 29-годишниот напаѓач ќе мора да паузира уште некое време.

Лукаку ќе мора да мирува и не е познато кога точно ќе се врати на терените.