Лукаку се врати на тренинзите со Интер

Белгискиот фудбалер и напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, повторно започна да тренира со екипата откако на крајот од август заработи повреда и мораше да паузира од настапите.

Лукаку се враќа на тренинзите точно на еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар.

Во Интер се надеваат дека Лукаку би можел да се најде во составот на екипата на првенствениот дуел против Фиорентина.

Последниот натпревар за Интер, Лукаку го одигра на 26.август кога нероазурите беа поразени од Лацио со 1:3.