Лукаку се повреди и нема да игра против Милан?
Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку една недела. Лукаку со повредата се здоби на последниот тренинг со екипата.
Лукаку со сигурност го пропушта натпреварот од четвртото коло на Серија А против Кремонезе, кој се игра утре.
Италијанските медиуми наведуваат дека е прашање дали белгискиот голгетер ќе биде подготвен за настап во големото дерби со градскиот ривал Милан кое е закажано за во сабота.
Лукаку во летниот преоден рок пристигна во Интер како позајмен играч од Челзи, и во новата сезона одигра три натпревари и постигна еден гол.