Лукаку ќе ги прескокне Лестер и Јуве, но наскоро се враќа на терените

Томас Тухел изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку ќе го пропушти саботното 12. коло од Премиер лигата.

„Челзи е лидер на табелата во Англија со 26 бода, три повеќе од Манчестер Сити и Вест Хем, кои се втори и трети. Белгискиот репрезентативец не играше на последните пет натпревари за лондончани. Тој продолжи со тренинзите во понеделникот, но според Тухел се уште не е целосно закрепнат. „Ромелу и Матео нема да играат утре“, изјави германскиот тренер на Челзи за состојбата на Лукаку и Ковачиќ. Томас Тухел појасни дека Лукаку наскоро ќе се приклучи на тимските активности и прави се што е можно за што побрзо да се опорави.

Тимот на Лестер кој утре ќе го пречека Челзи се наоѓа на 12. место со 15 бодови и нема победа од крајот на октомври.