Лукас Васкез нема да добие нов договор во Реал Мадрид
Во неделата Барселона убедливо го совлада Реал Мадрид во финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп, „каталонците“ славеа со 5-2, а овој пораз ќе донесе одредени последици по играчите на Реал Мадрид.
Претседателот на Кралскиот клуб Флорентино Перез беше многу разочаран од играта на Лукас Васкез на десната страна од одбраната. По овој натпревар, Перез конечно одлучи дека нема да го продолжи договорот со Васкез и ќе направи се за да ја ангажира ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.
Да потсетиме дека оваа сезона Васкез одигра 25 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше три асистенции.