Лукас избегна затворска казна, Баерн може да здивне
Лукас Хернандез нема да оди во затвор. Шпанскиот суд ја уважи неговата жалба и ја промени првичната одлука.
Како што објавија шпанските медиуми, Провинцискиот суд во Мадрид ја уважи жалбата на фудбалерот на Баерн против налогот за прием во затвор поради прекршување на казна и го суспендира извршувањето на шестмесечната казна затвор изречена на осуденото лице.
Според новата одлука, Хернандез добива четиригодишна условна казна, а под услов да не го повтори делото ќе се спаси од затворска казна. Казната е условена и со плаќање глоба која се утврдува во 240 парични такси со дневен надомест од 400 евра.