Лукас Пакета е желбата на Пеп, клубовите веќе преговараат

Манчестер Сити му понудил 70 милиони фунти на Вест Хем за играчот од средниот ред Лукас Пакета, тврди „Глобо“, а пренесоа англиските медиуми.

Фабрицио Романо потврдува дека интересот на европскиот шампион за Бразилецот е многу специфичен и тој се наоѓа на трансфер листата на Пеп Гвардиола. Двата клуба ќе имаат директни разговори оваа недела. Сепак, преговорите нема да бидат лесни за „граѓаните“, бидејќи Вест Хем веќе го продаде Деклан Рајс на Арсенал, а Дејвид Мојс нема да сака да го загуби својот втор клучен играч во средниот ред. Токму поради оваа причина се очекува лондончани да ја одбијат споменатата прва понуда од Манчестер Сити.

„Чеканите“ го потпишаа Пакета пред само една година од Олимпик Лион кога за него платија 53 милиони фунти. Бразилецот имаше многу силна дебитантска сезона и забележа 41 настап во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше седум асистенции.