Лукас Пери нов голман на Бешикташ

Лидс Јунајтед го заврши јануарскиот преоден рок без да направи трансфер, а единственото зимско засилување Факундо Буонаноте, кој дојде на позајмица од Брајтон, остана.
Сепак, најавите велат дека „белите“ сè уште би можеле да продадат еден од своите фудбалери дури и по затворањето на преодниот рок во Англија, затоа што во дел од Европа трансферите се уште се отворени. Имено, клучното летно засилување Лукас Пери би можел да биде пред изненадувачко заминување од „Еланд Роуд“. .
Голманот Пери го загуби своето место во тимот по поразот од 4-3 од Њукасл Јунајтед и беше заменет од Карл Дарлоу. Главниот тренер на Лидс, Даниел Фарке, останува неубеден од игрите на Бразилецот од неговото доаѓање минатото лето, со значителни прашалници што висат околу неговата долгорочна иднина во клубот. Нему му било понудено веднаш да си замине од Лидс оваа недела, а турскиот печат пишува дека Пери е на потесниот список на екипата на Бешикташ. Турските гиганти сакаат да потпишат со голманот пред да се затвори преодниот рок во Турција во петок.