Лука Дончиќ: Доволно е што Мајкл Џордан го знае моето име

НБА Ол-стар спектаклот кој се одржа во Кливленд и овој пат предизвика голем интерес кај пошироката јавноста.

Покрај кошаркарските ѕвезди на теренот, на трибините можеа да се забележат и голем број на НБА легенди.

Лука Дончиќ кој беше дел од победничкиот тим на Леброн Џејмс, пред почетокот на средбата имаше изненадувачка средба со најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

Џордан за време на загревањето му пријде на Дончиќ и го изненади со прегратка и пријателски однос.

После натпреварот, Лука Дончиќ изјави дека останал трогнат од средбата.

„Тоа беше неверојатно, незнам како да го објаснам моментот. Ем Џеј го знае моето име и тоа е доволно за мене“, изјави Дончиќ.