Лука Дончиќ посакува шампионски прстен со Далас

Словенскиот репрезентативец и член на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, во интервју за официјалниот сајт на НБА лигата не ги криеше своите амбиции за сезоната која претстои и желбата да го освои шампионскиот прстен со својот Далас.
“Сакам да станам НБА шампион, но знам дека тоа не е само моја желба и цел, истото ова го посакува секој играч пред стартот на новата сезона. Целта е зацртана, сега останува да видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Дончиќ.
Летово Лука Дончиќ потпиша нов петгодишен договор со тимот на Далас Маверикс.