Лука Модриќ награден со нов едногодишен договор

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ имаше уште една причина за славење после триумфот во Лигата на шампионите со победата од 1:0 над Ливерпул.
Новинарот Фабрицио Романо тврди дека 36-годишниот Хрват потпишал нов договор со Кралскиот клуб. Информациите велат дека играчот од средниот ред веќе потпишал едногодишен договор, а веста и официјално ќе биде објавена во наредните денови. Модриќ веќе има пет трофеи во Лигата на шампионите.