Лука Станковски потпиша за турскиот Газијантеп

Еден од најталентираните македонски фудбалери и досегашен член на Работнички, Лука Станковски, направи трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп. Тој во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на турскиот прволигаш.

„Среќни сме што можеме да го потврдиме трансферот на нашиот досегашен фудбалер, талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп. Работнички продолжува да реализира големи трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирусот низ целиот свет“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Тимот на Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари, а втората фаза ќе ја одработи во Анталија, од 20 до 31 јануари.