Лука Јовиќ заминува на позајмица во Фиорентина

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, пренесува дека напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ќе замине на едногодишна позајмица во калчолигашот Фиорентина.

Според договорот меѓу двата клуба, Јовиќ ќе го напушти Реал бесплатно, а Фиорентина ќе има обврска да ја покрие половина од годишната плата на напаѓачот која изнесува 6 милиони евра.

24-годишниот Јовиќ во Реал Мадрид пристигна во 2019 година од Ајнтрахт Франкфурт, и минатата сезона најчесто беше резерва во тимот. Неговиот договор со кралскиот клуб истекува во 2025 година.