Лук Шо на чекор на враќање на терените

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед,  Лук Шо, по три месеци пауза поради повреда, конечно се врати во тренинг процес.

Левиот бек гледано од месец август, мораше да пропушти 16 мечеви на „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања како и шест средби за селекцијата на Англија. Иако се очекуваше Шо да биде надвор од терените краток период, сепак, неговата повреда се покажа како многу посериозна.

Во негово отсуство, бековската позиција ја покриваа: Серхио Регијон, Диого Далот и Софијан Амрабат.