Лунин не го сменил мислењето, нема да потпише нов договор со Реал
Украинскиот фудбалски голман во редовите на Реал Мадрид, Андриј Лунин, нема да прифати продолжување на соработката и набрзо ќе ги напушти „кралевите“, потенцираат речиси сите медиуми во Шпанија.
25-годишниот чувар на мрежата кој има тековен договор до крајот на сезоната, јасно стави до знаење дека не сака да му биде „златна “ резерва, Тибо Куртоа.
Лунин во новата фудбалска сезона нема ниту еден меч додека во претходната одигра 31 натпревар.